ТЕЦ Неготино утре изутрина ќе почне со пуштачки активности за ставање на електраната во функција на производство
Од АД Електрани на Северна Македонија соопштија дека ТЕЦ Неготино утре изутрина ќе почне со пуштачки активности за ставање на електраната во функција на производство.
– Вечерва завршуваат сервисните и ремонтните активности на генераторот и на другата опрема во ТЕЦ Неготино, и утре во 7.30ч почнуваат пуштачките активности за ставање на електраната во функција на производство, информираа од Електрани на Северна Македонија.
Оттаму додаваат дека во договорот со економскиот оператор кој ги изведувал работите бил наведен 15 декември како датум за завршување на зафатите.
– Но, со засилен интензитет на работа на економскиот оператор, и зголемен ангажман на вработение кој во изминатите денови се вршеше под засилен надзор од генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и на директорот на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, рокот е скратен за 10 дена. Во услови на енергетска криза тоа ќе значи економски и енергетски бенефит, наведоа од Електрани на РСМ.
Во сервисните и ремонтните активности беа вклучени економскиот оператор Монтинг Инженеринг, вработените во ТЕЦ Неготино, АД ЕСМ, РЕК Битола и консултанти од производителот од Украина.
Генераторот е произведен во 1975г и во ТЕЦ Неготино е ставен во употреба во 1978г. Ова е прво отворање и големо ремонтирање на генераторот.
Од АД ЕСМ посочија дека вложуваат максимални напори и засилено ги ставаат во функција сите капацитети, со цел да се задоволи зголемената потреба од домашна електрична енергија, со оглед на зголемените задолжувања од страна на Владата кон АД ЕСМ за испорака на енергија кон Универзалниот снабдувач, институциите, како и бизнис секторот.
Ново на Сител
-
Агенцијата на ОН за помош на Палестинците УНРВА одби да се евакуира од Рафа
-
Тешко повреден 74 годишен велосипедист во сообраќајна несреќа во Охрид
-
Значаен пад на цените на нафтата минатата недела
-
Триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци, прва жртва при распадот на Југославија
-
Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради Денот на полицијата
-
Еден потешко повреден во експлозија во зграда во Турција
-
Галески: Сигурно е само дека Македонија ќе биде повторно твоја
-
Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци