Тедрос: Ковид-19 за неколку месеци може да се стави под контрола со почитување на мерките
Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не е решен, но оти може да се стави под контрола за неколку месеци со докажани мерки во заштитата на јавното здравје.
Тедрос на денешната прес-конференција изјави дека СЗО со нетрпение очекува општествата и економиите повторно да се отворат, а патувањата и трговијата непречено да продолжат, но оти во моментов одделите за интензивна нега во болниците во многу земји се преполни, луѓе умираат и можно е тоа да се избегне.
– Пандемијата на Ковид-19 е далеку од својот крај, но имаме многу причини за оптимизам. Падот на бројот на новозаразени и смртни случаи во првите два месеци од годинава покажува дека овој вирус и неговите мутации можат да бидат запрени, рече директор на СЗО.
Тедрос исто така изјави дека зголемениот пренос на оваа инфекција најмногу се должи на збунетост и недоследност во спроведувањето на мерките за заштита на јавното здравје.
Ново на Сител
-
Лавров: Блискиот исток е на работ на голема регионална војна
-
Кина продолжува да ги намалува ограничувањата за странски инвестиции
-
Фон дер Лајен: Трансформациите треба да бидат фер и да обезбедат просперитет за сите во Европа
-
ДЗС располага само со еден функционален „Ер трактор“, но моментално нема потреба од дополнителни летала
-
Лишени од слобода деветмина дрвокрадци, поднесена кривична пријава
-
Се шетал со полн пиштол и уште 61 куршуми - Уапсен 19 годишник
-
СВР Скопје со засилени мерки за безбеден град Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: Антикорупциска и ЈО да испитаат зошто Филипче како министер криел имот што го поседува