Техеран: Трамп сакаше да се сретне со иранскиот претседател, но беше одбиен

- Американскиот претседател Доналд Трамп сакал да се состане со својот ирански колега Хасан Рохани за време на Генералното собрание на ОН минатиот месец, но бил одбиен, велат од Министерство за надворешни работи на Иран.
- Американската страна предложи средба меѓу двајцата, која беше одбиена од страна на претседателот Рохани, изјави портпаролот Бахрам Гамсеми.
Трамп на средината на месецов изјави дека нема да го потврди договорот од 2015 година, меѓу Иран и светските сили,односно, да бидат отстранети санкциите во замена за ограничување на иранската нуклеарна програма.
Тој се закани дека ќе се повлече од договорот, ако американскиот Конгрес или американските сојузници не се договорат за построги ограничувања.
Обелоденувајќи нова, поостра стратегија спрема Техеран, Трамп воведе нови санкции против Иранската револуционерна гарда, заради, како што кажа, поддршка на тероризмот.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
