Технички и организациски промени на Клиниката за пулмологија и алергологија
Клиниката за пулмологија и алергологија со технички и организациски промени ќе им го олесни пристапот на пациентите. Наместо неколку, воведен е едношалтерски систем, како и електронска сигнализација со реден број на чекање за одредени услуги, реорганизирано е работното време на персоналот за да биде подостапен. За дневната болница има утврден распоред со термини за сите лица што примаат терапија.
- Секој пациент доаѓа во време одредено за него, со што ја искоренивме досегашната практика повеќе пациенти да чекаат ред и на крај да примаат терапија на ист кревет. Затоа го продолживме времето кога пациентите може да примаат терапија во дневната болница до доцна попладне, а персоналот е засилен со уште еден специјализант кој на Клиниката е присутен до 22 часот, рече директорот на Клиниката, д-р Дејан Докиќ, кој на прес-конференција ги соопшти промените.
Дневната болница е одвоена од болницата со хоспитализираните пациенти со дополнително направена врата која за цивили функционира со картичка. Зголемена е значително хигиената за да се спречи појава на инфекции - пред влезот во болницата со болни што лежат е поставен апарат за автоматско навлекување најлонски калчинки кои се задолжителни за посетителите. Пристапот во салата за бронхоскопија е ограничен со што, рече Докиќ, многукратно е зголемена стерилноста. Поставен е систем за аудиовизуелен контакт со пациентите што чекаат да влезат.
Набавени се нови чаршафи и перници за сите пациенти, како и униформи за вработените. Во собите на ѕид се монтирани специјални мерачи за притисок, воведен е систем за информирање на пациентите, како и постојан видеонадзор во целата клиника.
Д-р Докиќ соопшти дека Клиниката добила уште еден бронхоскоп кој десет години стоел неотпакуван во магацин на болницата во Штип. Директорот на штипската болница и го отстапил апаратот на Клиниката за користење. Докиќ нагласи дека постојано имаат проблем со набавка на бронхоскопи кои се потрошни апарати, а на Клиниката за пулмологија се изведуваат 70 проценти од сите бронхоскопии во Македонија.
- Сите промени кои во изминатиотв период се направени на Клиниката се исклучиво по пат на донации од домашни и од странски компании, односно не потрошивме ниту еден денар од буџетот на Клиниката, рече д-р Докиќ на прес-конференцијата на која присуствуваше и заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски.
Поради временските услови и загадувањето кои предизвикуваат влошување на состојбата на хроничните болни, веќе два месеца секојдневно функционира и приоритетна амбуланта во која се примаат по дваесетина пациенти кои не можат да чекаат термин и доаѓаат со приоритетни упати.
Болницата за хоспитализирани има 50 кревети (48 обични и два апартмана). Во дневната болница има два кревета на кои се распределуваат од осум до десет луѓе со точно утврден распоред за терапија, која трае и по три часа.
Ново на Сител
-
Киев: Русија префрли 7.000 севернокорејски војници на границата со Украина
-
Трипуновски: Очекувам фер проценка и реална исплата на трудот на тутунарите
-
Мицкоски им порача на ДУИ да се подготват за одговорност
-
Нов израелски напад на северот од Газа: Загинаa 84 Палестинци, меѓу кои 50 деца
-
Возач на камион починал во тешка сообраќајка
-
ОЈО - Штип со увид на местото каде според првичните сознанија е лишена од живот 29 годишна жена
-
Загинатиот Васко Саздовски во Нови Сад бил македонски научник
-
Иранскиот врховен лидер Хамнеи се закани со „разорен“ одговор на Израел и САД