Тела на мртви бебиња пронајдени во картонски кутии: Ужасното откритие во една болница во Кенија го шокираше светот
Гувернерот на Кенија Мајк Сонко ненајавени посети болница во кенискиот главен град во понеделникот и откри тела на 12 бебеиња скриени во картонски кутии, чија смрт, се претпоставува е поради лекарска грешка.
Доктор и уште двајца вработени во родилиштето во Најроби се суспендирани, порача гувернерот преку Твитер каде ја објави и снимката од инспецијата во болницата.
„Спроведуваме ненајавена посета на родилиштите Пумвани, постојат тврдења дека управата на оваа установа ги става уредите вон фунција и на тој начин предизвикала смрт кај новороденчињата“, напиша Сонко. Во уште една објава на социјалните мрежи гувернерот напиша дека децата починале под неразјаснети околности.
Кениските медиуми пренесуваат дека гувернерот ненајавен и во цивил пристигнал во установата со такси, по дојава од граѓани.
Гувернерот по доажањето открил дека родилиштето работи без гинеколог и акушерки зошто лекарот што требало да биде на должност не се појавил. По кавгата со болничкиот персонал кој ја признал смртта на само едно дете, гувернерот и неговиот тим пронајдоа тела на 12 новороденчиња.
Кениските болници често се во центарот на вниманието поради негрижа и пропусти во работата. Претходно годинава, лекарите на една болница во Кенија извршија операција на мозок на погрешен пациент.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода маж од Порој поради кривично дело убиство
-
Без вода жителите од Сопиште и Чаир
-
Лишен од слобода 24 годишник од Кочани за издржување казна затвор од 7 години
-
Приведен бегалец од затвор
-
Тетовец со „тигуан“ шверцувал пиротехнички средства на Јажинце | ФОТО
-
Кражба на струја во Кавадарци
-
ЦУК: Шест пожари на отворено изминатото деноноќие, еден сѐ уште активен
-
Сиљановска Давкова - Радев: Билатералните спорови да се решаваат во рамки на вредностите на ЕУ