Телефонски разговор Ердоган - Трамп
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган синоќа телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп за билатералните односи и регионалните проблеми, изјави неименуван претставник на турските власти.
Според него, Ердоган и Трамп разговарале за ситуацијата во Сирија, Ирак и Појасот Газа, како и за борбата против тероризмот. Двајцата лидери се договориле за интензивирање на соработката и координација помеѓу двете земји.
Сопред соопштение на Белата куќа разговорот Трамп - Ердоган бил посветен на „регионалните настани и стратешкото партнерство на САД и Турција“.
- Двајцата лидери изразија поддршка за продолжување на напорите за зајакнување на соработката помеѓу двете држави, за заштита на заедничките интереси како сојузници во НАТО и решавање на проблемите кои влијаат на билатералните односи, посочи Белата куќа.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ