Телефонски разговор меѓу турскиот и рускиот министер за надворешни работи
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изрази жалење во телефонскиот разговор со рускиот колега Сергеј Лавров поради инцидентот со соборениот авион Су-24, но ја оправдал акцијата на турската воена авијација, јави ТАСС.
- Турскиот министер за надворешни работи изрази сочувство до Русија. Тој наведе дека турските диспечери не знаеле на кого припаѓа авионот, бидејќи во тој регион исто така летаат и сириски авиони, истакна Лавров по телефонскиот разговор.
Шефот на руската дипломатија наведе дека Москва има сериозни сомневања дека соборувањето на авионот бил „ненамерен акт“ иако многу наликува на „планирана провокација“.
Русија се надева дека нападот врз авионот Су-24 нема да биде искористено за реализација на идејата за формирање на забрана за полети во тој регион.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови