Свет
14. December 2016 - 23:23

Телефонски разговор на Лавров со Кери за Алепо

Минстерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров телефонски разговараше со американскиот државен секретар Џон Кери за ситуацијата во Алепо, јави ТАСС.

Лавров му кажал на Кери дека Дамаск е подготвен да обезбеди евакуација на бунтовниците од источниот дел на Алепо и побара од американскиот државен секретар да влијае врз вооружената опозиција да се повлече од градот.

Според Лавров бунтовниците се под влијание на лидерите на групата Џебхат ал Нусра и одбиваат прекин на огнот.

Шефот на руската дипломатија во телефонскиот разговор ги потенцирал напорите на Русија и на Сирија за олеснување на хуманитарната ситуација во Алепо и за помош на цивилите.