Телефонски разговор Османи – Ескобар
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи оствари телефонски разговор со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар и специјален претставник на САД за Западен Балкан на кој е направен осврт кон соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, а разговарале и за актулната политичка состојба во државава.
-Османи реферираше за новиот акциски план кој е во финална фаза на усвојување во Владата, со што проектите и областите договорени во рамките на Стратешкиот дијалог ќе станат дел од Владината програма за работа, соопшти попладнево Министерството за надворешни работи.
На средбата, информираат од МНР, беа отворени темите за регионалните актуелности, состојбата на Северот од Косово, како значајно прашање со поширок импакт во регионот. Соговорниците ја реафирмираа поддршката за продолжување на дијалогот меѓу Косово и Србија, повикувајќи на активности за деескалација на состојбата, повлекување на барикадите и обезбедување непречени услови за владеењето на правото.
-Тема на средбата беа и актуелните политички состојби во земјава, со фокус на европското досие и преземените обврски за непречено продолжување на процесот на преговори преку исполнување на обврската за уставни измени во земјава. Соговорниците разменија мислење и за приоритетите и амбициите на Северна Македонија при од претстојното претседавање со ОБСЕ за што беше реафирмирана поддршката од САД за успешно претседавање на земјава, соопшти Министерството за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Пред пратениците следниот месец закон со кој ќе се спречи изградба на катната гаража зад Парламентот, најави Гаши
-
Трамп блокираше помош од 50 милиони долари за кондоми за Хамас
-
ЕК одвои една милијарда евра за проекти за развој на нови одбранбени технологии и капацитети
-
Притвор од осум дена за хирургот од Битола осомничен за земање поткуп
-
Најмалку 30 тела досега се извлечени од Потомак по судирот на авион и хеликоптер кај Вашингтон
-
Европол: Уапсени над 400 лица во борбата против лажни лекови во 30 земји
-
Кошта: Членките на ЕУ и НАТО се подготвени да ги зголемат трошоците за одбрана на над два отсто од БДП
-
Општина Битола обезбеди финансиска поддршка за лица со ретки болести