-->
-->
Температурите ќе паѓаат - Еве кај беше најладно ова утро
-->

Најниска температура од минус 4 степени целзиусови изутрина во 7 часот и 30 минути е измерена во Скопје-Петровец и во Берово. Минус три степени се регистрирани во Тетово, - 2 во Битола и во Струмица, -1 во Демир Капија и Куманово, 0 во Кавадарци, Прилеп, Штип, Крива Паланка, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Маврово и Гевгелија, 2 во Охрид и Лазарополе...
Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска времето ќе биде сончево, а попладне со слаб до умерен северен ветер. Максималните температури ќе бидат во интервал од 14 до 21 степен.
Во Скопје сончево со слаб северен ветер и со максимална температура до 17 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на стабилно, суво и претежно сончево време, со услови за слаба магла по одделни котлини. До недела утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните благо ќе опаѓаат. За време на викендот ќе има појава на умерена облачност и ќе дува умерен северен ветер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
