Тензично на судењето на Златна зора
Со присуство на осудените членови на Златна зора Илиас Касидиарис и Јанис Лагос и група нивни поддржувачи кои извикуваа слогани, но добија одговор и антинацистички пораки од останатите присутни, по што настана тензија во судницата, денеска во тек е четврто рочиште од повторното судење на Златна зора, јави дописничката на МИА од Атина. Поранешниот пратеник Илиас Касидиарис, кој издржува затворска казна поради формирање и учество во криминалната организација Златна зора, во судницата се појави со леток од неговата партија, а групата поддржувачи го поздрави со извиците: „Илиа, запомни, со тебе сме“.
Од другата дел на судницата реагираа мајката на убиениот музичар Павлос Фисас и останатите присутни кои извикуваа „Павлос е жив, уништете ги нацистите“. По малите тензии и кусиот прекин, рочиштето продолжи со разгледување на барањето на лидерот на Златна зора, Никос Михалољакос околу документите поврзани со неговата покана.
Осудениот Лагос, пак и лично и преку неговиот адвокат уште еднаш тврдеше дека е политички, а не криминален затвореник. На почетокот на судењето се одржа и мирен антифашистички протест пред Апелациониот суд во Атина со учество на околу 200 лица. Третото рочиште беше на крајот на јули, додека пак повторното судење на Златна зора по жалбата од осудените поднесена против пресудата донесена во прв степен започна на 15 јуни.
Лидерот на Златна зора Никос Михалољакис и пет поранешни пратеници од партијата, добија 13 години затворска казна за формирање криминална организација, останатите пратеници добија од пет до седум години, а убиецот на музичарот Павлос Фисас, доби доживотна затворска казна. Златна зора во периодот од 2012 до 2019 година беше дел од грчкиот Парламент.
Ново на Сител
-
Администрацијата на Трамп ја оспори наредбата на судијата на Врховниот суд за прераспределба на федералните вработени
-
Постојат докази дека Боре Видевски бил на работа кога се случиле убиствата на Панче и Вања, тврди неговиот бранител Бојан Манев
-
Уапсен 26 годишен скопјанец, со „ауди“ удрил во двајца малолетници на бул. “Партизански одреди”
-
Рекорден број мигранти го преминаа Ла Манш во обид да стигнат до Велика Британија во првото тримесечје од годинава
-
Љатифи Азизи: Во рок од две недели се очекува половина од пациентите кои се лекуваат во странство да се вратат во земјава
-
38-годишна социјална работничка ранета од огнено оружје од лице кое подолго време ја демнело
-
Од март 2012 година во Кочани нема инспектор за заштита од пожари на Дирекцијата за заштита и спасување
-
Приведени две лица, превезувале осум мигранти