-->
-->
Теодоракис: Ципрас го одржа последното ветување
-->
Целта е постигната. Земјата останува во еврозоната. Ципрас го одржа своето последно ветување наспроти сите оние кои сакаа да се вратиме на драхмата, изјави лидерот на Потами Ставрос Теодоракис во врска со договорот меѓу Грција и кредиторите.
Теодоракис изрази надеж дека Владата, Парламентот и партиите без одложување ќе преземат неопходни одлуки со цел земјата што е можно побрзо да влезе во нова ера.
- Договорот предвидува болни реформи и, за жал, бара повеќе жртви од грчкиот народ. Овој пат, да го направиме тоа со план, решителност и правда. За Грција и за нашите деца, истакна лидерот на Потами.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во недела Силјановска ќе биде инаугурирана за претседателка на државата
-
ВМРО-ДПМНЕ почнува преговори за нова Влада, поставени три принципи за коалицирање
-
Само 18 мандати за СДСМ во Парламентот – дел од партиските функционери поднесоа оставки
-
Анализа: На што се должи поразот на изборите на СДСМ?
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечна излезеност до 18:30 часот
-
Просечна излезeност до 15:00 часот