Македонија
11. April 2023 - 16:34

Тепачка на одбојкарски натпревар во Велес - повредени играч и полицаец

На 10.04.2023 во СВР Велес било пријавено дека околу 21.10 часот во спортската сала „Гемиџии“ во Велес, по одигрување на одбојкарскиот натпревар помеѓу екипите на ГОК Борец од Велес и ОК Шкендија од Тетово, бил нарушен јавниот ред и мир, при што дел од играчите на гостинската екипа и дел од присутните во публиката фрлале едни кон други со разни предмети.

Притоа, со повреди се здобиле еден полициски службеник и еден играч на ОК Шкендија. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.