-->
-->
Тепачка во скопски ресторан
-->
Вчера околу 22.40 часот во Скопје на бул.„ Партизански Одреди“ во угостителски објект дошло до нарушување на јавниот ред и мир во кое учествувале осум непознати лица од кои пет од едната и три лица од другата страна. По претходна расправија помеѓу нив настанала тепачка во која биле употребени различни предмети и делови од инвентарот во угостителскиот објект. Во тепачката со телесни повреди се здобиле едно шеснаесетгодишно девојче и М.Т. (21) од Прилеп. По нарушувањето сите инволвирани избегале од местото настанот. По извршени консултации со Јавен обвинител, настанот е квалификуван како кривично дело „насилство“. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на ден со Ефтим Митров, поранешен раководител на пиротехничарите во Дирекцијата за заштита и спасување
-
Венко Филипче единствен кандидат – СДСМ избира претседател
-
Мицкоски: Владата е стабилна
-
По царините на Трамп, Мицкоски очекува добра вест од САД за македонската економија
-
Aнкета на Детектор: Останува силно мнозинство против уставни промени
-
Младите не се чувствуваат безбедни
-
Во штипска Клиничка ќе се вработат 19 специјализанти
-
43 лица со ретки болести ќе добијат стипендии