Тепаната жена од Радовиш не сака да поднесе предлог за гонење, кажала дека снимката е од лани
МВР информира дека по видео записот кој беше споделен на социјалните мрежи, во кој се гледа како маж насилно се однесува кон жена, СВР Струмица ги презеде сите службени дејствија кои се во надлежност на полицијата поврзани со овој случај и насилникот е лишен од слобода. Се работи за А.А. (35) од Радовиш.
Настанот во СВР Струмица бил пријавен на 23 март 2025 година во 8:25 часот од страна на мајката на жртвата. Веднаш по добиената пријава биле преземени соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш.
- Утврдено е дека машкото лице е А.А.(35) од Радовиш, кој истиот ден во 9:20 часот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Радовиш. Исто така бил извршен службен разговор и со нападнатата жена, во присуство на социјален работник од Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Радовиш, при што таа кажала дека видео записот е од јули 2024 година, се вели во соопштението.
Од МВР појаснуваат дека во овој случај постои сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 во врска став 1 од Кривичниот закон, каде во став 5 од истиот член стои дека гонењето се презема по поднесување на предлог за гонење. Жртвата изјавила дека не сака да поднесе предлог и дека видеото било доставено од нејзината мајка.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, по чии насоки биле преземени и понатамошните мерки. Врз основа на преземените мерки, од страна на ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш на 25 март 2025 година е поднесена кривична пријава против А.А. поради постоење на сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2, а во врска став 1 од Кривичниот закон.
МВР наведува дека продолжуваат да се преземаат дејствија за целосно испитување на настанот.
Ново на Сител
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки
-
Инспекторатот на Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни
-
Синдикалната минимална кошница за април 2025 година изнесува 62.691 денари
-
Јахоски може да излезе од Шутка само ако депонира 72.000.000 денари, вели обвинителството