Тереза Меј со писмо во „Тајмс“ ја објави кандидатурата за наследство на Камерон

Со писмо во денешното издание на весникот „Тајмс“ британскиот министер за внатрешни работи Тереза Меј ја објави кандидатурата за наследство на Дејвид Камерон на премиерската функција, ветувајќи дека ќе ги обедини Британците.
- Денеска ја почнувам кампањата со цел да станам лидер на Конзервативната партија и премиер на Велика Британија. По референдумот минатата недела нашата земја има потреба од силен и признат лидер, за да помине низ овој период на економска и политичка несигурност и да ги договори најдобрите услови за излегување од ЕУ, напиша Меј.
Таа исто така вети дека ќе лансира радикална програма за социјалните реформи, кои ќе ја направат Велика Британија земја, поволна за секого.
- Некои луѓе треба да разберат дека власта не е игра, туку сериозна работа со реални последици за животот на луѓето, додаде таа, алудирајќи на нејзиниот главен ривал, поранешниот градоначалник на Лондон и лидер на кампањата за Брегзит, Борис Џонсон.
Тој се очекува денеска исто така да ја објави кандидатурата, како и Лијам Фокс, поранешен министер за одбрана и министерот за труд и пензиите Стивен Краб.
Педесет и девет годишната Меј, назначена за министер за внатрешни работи од Камерон во 2010 година, понкогаш е нарекувана новата Маргарет Тачер поради нејзината цврста политика.
Името на новиот премиер ќе биде познато на 9 септември по внатрешното гласање на 150 илјади членови на Конзервативната партија, кои ќе изберат еден од двајцата финалисти, избрани од конзервативните пратеници.
Според весникот „Експрес“ Џонсон веќе е јасен фаворит со поддршка на околу сто пратеници. Истражувањето, објавено денеска во „Тајмс“ на социолошката агенција ЈуГов, пак, покажува дека за Меј се подготвени да гласаат 55 отсто од анкетираните конзервативци, додека за Џонсон 30 отсто.
Ново на Сител
-

Ја нападнал поранешната партнерка, па и полицаецот што дошол да интервенира - приведен охриѓанец
-

Охриѓанец приведен за производство и дистрибуција на детска порнографија
-

190.000 евра месечно највисоката плата во Македонија – над 2,2 милиони евра годишно
-

Лазаров го објави списокот на ракометари за ЕХФ неделата
-

38-годишен маж загина од струен удар додека работел на куќа во Скопје
-

Возеле со над 150 км/ч, а полицаец им „прогледал низ прсти“ – кривична пријава затоа што ги поштедил од казни од 300 евра
-

Четиригодишно дете најмладиот милионер во Македонија, највозрасниот е 97-годишен пензионер
-

Ѓорѓиевски: До крајот на годината ќе почне проширување на капацитетите за третман на бездомни кучиња
