Свет
17. November 2015 - 11:27

Терористите и се закануваат на Шведска: Ќе го нападнеме премиерот, Владата и Парламентот

Шведските безбедносни служби соопштиле дека добиле закани за напади врз претседателот на Владата и Парламентот, јави АП.
 
Портпаролот на Шведската служба за безбедност Фредрик Поблаги изјавил дека заканите се испратени преку е-пошта, а испратени се во понеделникот попладне, и дека досега добиле многу слични пораки.
 
Според нивните информации во пораката пишувало дека нападот ќе се изврши во вторник.
 
Заканата ја потврдил и шефот на обезбедувањето на Парламентот Леонард Густафсон, но одбил да зборува за детали.