Тероризмот и миграцијата и хибридните закани - главен безбедносен ризик
Тероризмот, хибридните закани, илегалната миграција и заштитата на критичната инфраструктура се дефинирани како безбедносни ризици за Македонија, според предлог Стратегијата за одбрана.
Документот кој ги посочува главните закани по безбедноста за земјава претставува проценка на сегашните и идни закани со кои може да се соочи македонскиот безбедносен систем.
На дебатата по повод изготвувањето на новата Стратегија за одбрана претседателот Стево Пендаровски истакна дека членството во НАТО ја става Македонија на светската безбедносна мапа и во голема мера ќе помогне во справувањето со безбедносните закани со кои може да се соочи земјава.
Во тој контекст посочи дека секое одлагање на почетокот на преговорите со Европската унија ќе носи дополнителни ризици и нема да оди во прилог ниту на ЕУ ниту на НАТО.
На дебатата беше подвлечено дека членството во Алијансата претставува придобивка, но и обврска за Македонија да обезбеди кредибилни институции и владеење на правото.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Имотен лист од сега достапен на националниот портал - uslugi.gov.mk
-
Собранието неделава со интензивна агенда, понеделнички собраниска седница и заседанија на седум комисии
-
Трамп: Украина може да „не ја преживее“ војната дури и со наша помош
-
Марк Карни ќе го замени Трудо како премиер на Канада
-
Студено утро, сончево и топло преку ден
-
Состојба на патиштатa
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот