-->
-->
Тешка кражба во базна станица на Македонски телеком во Тетовско
-->
Непознати сторители во периодот од ноември 2017 до вчера извршиле тешка кражба во базната станица на „Македонски телеком“ над селото Седларево - Тетовско, соопшти МВР.Вработен во фирма за одржување на базните станици на „Македонски телеком“ во полициското одделение Групчин вчера напладне пријавил дека во тој период непознати сторители извршиле тешка кражба.
Сторителите со употреба на сила го оштетиле контејнерот на базната станица и одзеле акумулатор и 150 литри нафта, со што се стекнале со противправна имотна корист од 15.000 денари и причиниле материјална штета од околу 25.000 денари.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Древен брод од Римското Царство откриен на морското дно, долж апулискиот брег
-

Аеродромот Св. Апостол Павле - Охрид се стекна со Ниво 2-Акредитација за управување со јаглеродни емисии на аеродроми
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на ОАЕ: Фокус на економијата и билатералната соработка
-

Светот се соочува со нова нерегулирана трка во вооружувањето
-

Седница на Советот на јавни обвинители
-

Уапсен е осомничениот кој фрлил бoмбa врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ, сe трaгa пo уштe eднo лицe
-

Вембањама го предводеше Сан Антонио до триумф над шампионот Оклахома
-

ЗОИ 2026: Откажан тренингот за женскиот спуст поради обилни снежни врнежи
