Македонија
2. January 2016 - 13:10

Тешка кражба во дом во Гостивар, украден златен накит

 Тешка кражба се случила во Гостивар во домот на Е.Р. (41) при што од сеф е украден златен накит во вредност од 25 илјади евра.

Кражбата се случила вчера околу 12 часот на улицата „Илинденска“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица во Гостивар. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот