-->
-->
Тешка кражба во Велес
-->
Непознат сторител вчера, во периодот од 1 до 8.15 часот, во велешкото село Горно Оризари извршил тешка кражба во куќата на Н.М.(80) од Велес.
Сторителот, како што информира денеска МВР, со дрвена скала, која ја нашол во дворот и ја поставил под прозорецот, на задната страна од првиот кат на куќата, се качил преку подотворениот ПВЦ прозорец.
Крадецот влегол внатре и со употреба на сила и подесен алат го отворил заклученото бифе од комодата, каде од картонска кутија одзел златен накит, по што го напуштил местото. Причинета е материјална штета од околу 600.000 денари.
Увид извршила екипа од СВР-Велес. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски
-
Венко Крстевски ќе раководи со Кочани до локалните избори
-
Осомничениот Дритон Куќи се врати во Македонија, истрагата за пожарот во Кочани продолжува
-
Левица поднесе интерпелација за Тошковски