Македонија
19. July 2018 - 11:44

Тешка несреќа во Кичево, има повредени

Сообраќајна несреќа се случила во Кичево, има повредени. 

- На 18.07.2018 година во 18,30 часот било пријавено дека во Кичево, на улица „Маршал Тито“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Даево Тико“ со охридски регистерски таблици управувано од Ф.А.(43) од село Туин-Кичево и Мотоцикл „Хонда“ без регистерски ознаки управувано од А.А.(29) од Кичево. Во незгодата А.А. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош поради сериозноста на повредите бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, стои во соопштението на МВР:

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Кичево, се работи на целосно расчистување на случајот.