Македонија
17. September 2015 - 10:23

Тешка сообраќајка кај Влада, петмина повредени

Пет лица се повредени од кои едно потешко во сообраќајна несреќа која синоќа се случила кај Владата.

Од СВР Скопје велат дека во несреќата која се случила околу 23 часот, учествувале два автомобили, „Опел“ и „Нисан“.

soo1-500

При судирот на возилата полесно повредени се двајцата возачи, 43 годишниот А.П., кој управувал со „Опелот“ и 25 годишниот К.Г. кој го возел „Нисанот“. Полесно повредени се и еден сопатник од „Нисанот“ и сопатничка од другиот автомобил, додека со тешки повреди се здобила втората сопатничка од „Опелот“.

soo2-500

На сите им била пружена лекарска помош, а полицијата на местото на несреќата извршила увид.