Македонија
8. April 2017 - 15:14

Тешка сообраќајка на патот Куманово - Свети Николе, сообраќајот во прекин

Сообраќајот на патниот правец Куманово - Свети Николе од 14:20 часот е во прекин во двата правцa поради случена сообраќајна незгода помеѓу две патнички моторни возила кај надвозник „Сателит“, информира Автомото сојузот на Македонија. 

Засега нема подетални информации за сообраќајката.