-->
-->
Тешка сообраќајка на патот Скопје - Блаце
-->

Вчера околу 15.30 часот на магистралниот пат Скопје – ГП Блаце се случила сообраќајна незгода помеѓу две БМВ со косовски регистарски ознаки, едното марка „Опел Астра“ управувано од Г.У., каде сопатници биле Р.У. , Г.У. и Б.У., а другото „Фолксваген Голф“ управувано од М.Д., каде сопатник бил Р.Д., сите од Косово. По незгодата на Р.У. и М.Д. им била укажана медицинска помош и истите биле задржани во Клиничка болница „Систина“, каде и им биле констатирани тешки телесни повреди и истите биле во животна опасност. Останатите лица, кои биле во возилата (по укажаната медицинска помош во УЦ „Мајка Тереза“) , биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител, извршила увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
