-->
-->
Тешка сообраќајка во Прилеп, повредени три лица
-->

Синоќа во 04.25 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ и ул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.М.(24) од Прилеп и патничко возило „опел зафира“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(45) од Прилеп., соопштија од МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ф.В.(26) и Д.А.(18), двајцата од Прилеп, сопатници во возилото „мерцедес“, додека со телесни повреди се здобил возачот на истото возило, констатирани во Општата болница во Прилеп.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Украина и Молдавија немаат опозиција како СДСМ
-

Почна расправата за законот за правична застапеност
-

Фрчкоски: Две омилени тендерски фирми на ВМРО свртеле над 5,3 милиони евра за 2 години
-

Јавна трибина за подигнување на свесноста за органодонорство
-

Исплата на субвенции за земјоделците
-

Административците ќе се обучуваат за почитување на правата на граѓаните
-

ВМРО-ДПМНЕ ќе слави роденден на стадионот во Струмица
-

Пожарите не стивнуваат во штипско
