Тешка сообраќајка во Штип - тешко повредени две деца
Тешка сообраќајна несреќа се случила рано утринава во Штип, меѓу повредените има и деца. Според информациите на полицијата утринава околу 02,00 часот на крстосница од улица "Сремски фронт" и улица "Борис Крајгер" во Штип се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило "Ауди" со винички регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(25) од Виница, во кое сопатници биле М.М.(21) од Штип и П.Т.(26) и М.А.(25) двајцата од Виница и патничко моторно возило "Мазда" со струмички регистарски ознаки, управувано од В.С.(38) од Штип, во кое како сопатници биле две лица на возраст од 12 години од Штип.
По незгодата со возило на Итна медицинска помош во Клиничка болница Штип се пренесени сопатниците од возилото "Мазда" при што кај една од нив се констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот.Се работи на расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Кратењето на буџетот за ретки болести шок за пациентите
-

Нов кум и здравичар за Бадник
-

Објавен тендерот за градење на Регионален центар за управување со отпад во Свети Николе, планирани се вкупно пет
-

Преглед на вестите од светот
-

СДСМ: Доаѓаат мигранти
-

Се зајакнува соработката меѓу САД и Македонија
-

Бојкот во Управата за матични книги
-

Реевалуација за повредените во „Пулс“
