Тешка сообраќајка во Штип - тешко повредени две деца
Тешка сообраќајна несреќа се случила рано утринава во Штип, меѓу повредените има и деца. Според информациите на полицијата утринава околу 02,00 часот на крстосница од улица "Сремски фронт" и улица "Борис Крајгер" во Штип се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило "Ауди" со винички регистарски ознаки, управувано од Д.Ф.(25) од Виница, во кое сопатници биле М.М.(21) од Штип и П.Т.(26) и М.А.(25) двајцата од Виница и патничко моторно возило "Мазда" со струмички регистарски ознаки, управувано од В.С.(38) од Штип, во кое како сопатници биле две лица на возраст од 12 години од Штип.
По незгодата со возило на Итна медицинска помош во Клиничка болница Штип се пренесени сопатниците од возилото "Мазда" при што кај една од нив се констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот.Се работи на расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Најмалку шест загинати во руски напади во Украина
-
12-годишниот Ајдин од Босна со изведбата на песната ,,Јано Мори" ги стопли срцата на сите Македонци
-
Ковачевски: Не би било целисходно да се разговара за понатамошно намалување на даноците и придонесите
-
Тешко повреден 36 годишем маж отако со возилото излетал од автопат
-
Во двор во прилепско пронајдени 50 рачни бомби
-
Спасовски - Мејер: Интензивна македонско-американска соработка и во наредниот период
-
Максим Каески - 9 годишното дете кое реши да пушта коса за да ја донира за деца болни од канцер
-
Голема полициска акција на наплатната рампа кај Тетово, запленета голема количина дрога, уапсени дилери