Македонија
4. November 2019 - 12:01

Тешка сообраќајка во Скопје, има повредени

Синоќа во 22.50 часот на ул.„Благоја Паровиќ“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано А.Ч.(18) од Скопје и патничкомоторно возило „форд фиеста“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(47) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.А., а со телесни повреди се здобил А.Ч., по што биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.