Тешка сообраќајка во Тетово - Четири лица повредени

Четири лица, две машки и две женски, биле тешко повредени во сообраќајната несреќа што денеска околу 14 часот и 30 минути се случила на улицата „Видоја Смилевски-Бато“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според неговите податоци патничко возило „Форд ескорд“ со тетовски регистерски таблици од засега неутврдени причини загубило контрола, излетало од коловозот, удрило во дрвен електричен столб (бандера), а потоа и во изложен простор на трговска фирма односно дуќан.
Четворицата повредени по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница итно биле префрлени на скопските клиники. По увидот што по овластување го изврила екипа на СВР Тетово поточно ќе се утврдуваат причините за несреќата, кој го управувал возилото и се друго поврзано со истата. Во несреќата причинета е и значителна материјална штета на возилото и трговскиот изложен простор.
Ново на Сител
-

Трамп: Никогаш нема да дозволиме Иран да има нуклеарно оружје
-

Сончево и стабилно време со засилен северен ветер долж Повардарието
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
