-->
-->
Тешка стартна победа за Ѓорческа
-->

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа тешко стигна до победата во 1.коло на фјучрсот што се игра во Рим за награден фонд од 25.000 долари. Таа каковтора носитекла беше фаворитка против Илона Кремен од Белорусија и победи со 2-1 во сетови (3:6; 6:2 и 6:2) по 2 часа и 2 минути игра.
Ѓорческа добро го почна мечот и имаше водство во првиот сет од 3:1 во гемови, но и дозволи на ривалката да направи серија од пет гема и да го добие сетот со 6:3. Сепак во продолжението Ѓорческа ги доби следните два сета со 6:2 во гемови и се пласира во второто коло искористувајќи ја втората меч топка.
Билансот на поени беше 95:79, додека Ѓорческа имаше 8/15 искористени брејк топки, а ривалката 5/9.
Во второто коло Ѓорческа ќе игра против квалификантката Габриела Дука од Романија која со 2-1 во сетови (1:6; 6:1 и 7:5 во гемови) беше поуспешна од Дајана Јастремска од Украина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
-

Цвета Ристовска поднесе оставка во ДКСК
-

Гоце Наумовски пред избор за уставен судија, во судски активен огласот за втор кандидат
-

Кои министри на Вреди ќе заминат од Владата допрва ќе се одлучува
-

ОЈО Струга оформи предмет за загадувањето на водата за пиење
-

Пад на месечната инфлација од 0,7%
-

Починала во 2006-та, а во декември родила дете
-

Преглед на вестите од светот
