Тешко болната мајка на Јелена не оди на сеанси кај сваќата - надрилекарка
Зорица Крамановиќ (53) мајка на убиената пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33) од Борча, верува дека Зорица Марјановиќ, свекрвата на нејзината ќерка има моќ да лекува луѓе, но за сега не и се обратила за помош, иако боледува од тешка болест.
Мајката на Јелена од болничката постела порачува дека не сака да и пречи на свекрвата на својата убиена ќерка, која неодамна е осомничена за практикување надрилекарство.
-Не сакам сега да и пречам...Посебно кога и се одземени некои нејзини работи (икони, слики од светци), па нема сега да работи. Ја верувам дека таа може да лекува луѓе, но не сакам да ја мачам. Лекуваше таа многу и на многумина претходно им помагаше. Не сум одела кај неа, вели мајката на Јелена која иако е тешко болна, за своето здравје сепак исклучиво посетува лекар.
Зорица моментално лежи дома, зошто пред месец дена и се слошило откако примила контраст при снимањето на стомакот на магнетна резонанца.
-Алергична сум на контрастот и лоша ми е крвната слика, па повторно правев анализи и сега чекам резултати. Цеата сум пожолтена зошто течноста ми се враќа во црниот дроб. Исто така имам жлезди на стомакот, па пијам лекови за да се повлечат. Не можам да примам хемотерапија, ниту да одам на зрачење во ваква состојба,вели Зорица Крсмановиќ, која од злокобната болест е лекувана уште пред убиството на ќерката, на Институтот за онкологија и радиологија во Белград.
Таа не сакаше да зборува за тоа на кои се јавни личности им помогнала свекрврата на Јелена, иако медиумите пренесоа дека тоа се луѓе од политиката, естрадата и некои ТВ лица. Нивните имиња се најдени во роковникот на свекрвата Зорица, и тие ќе мора да дојдат да сведочат и да раскажат на кој начин надрилекарката ги „излечила“.
Еден од нив, вели дека одел кај Зорица зошто „секок болен човек се фаќа за сламка“. Меѓутоа тој не сакаше да зборувала дали во излекувањето од карцином му помогнала Зорица или официјалната медицина. На листата се и некои познати пејачки кои помош за здравствени и семејни проблеми побарале кај свекрвата на Јелена.
Ново на Сител
-
Изгаснати два пожари во Велес
-
Кик бокс Маи Таи Федерацијата продолжува да расте
-
ДПИ ќе реферира во вторник на Влада за состојбата со високите цени на храната, можни се мерки за нивно ограничување
-
Рама: Деновиве ќе биде блокиран ТикТок во Албанија
-
Се реконструира скверот зад ТЦ „Капитол“, проект вреден 45 милиони денари
-
Мицкоски за интерпелацијата за Судски совет: Нема како да бидат разрешени членовите, но борбата ќе биде со јавен притисок
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во семејна куќа во Удово
-
Ким: САД се виновни за сите конфликти и крвопролевања во светот