Македонија
25. February 2024 - 18:11

Тешко повреден 65 годишен маж откако се превртел и бил потиснат од четирицикл

На 24.02.2024 во 11.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на место викано „Душановац“, атар на с.Бањани-скопско, З.Б.(65) од Скопје додека управувал четирицикл, се превртел и бил потиснат од четирициклот, соопшти МВР.

З.Б. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.