Македонија
6. December 2020 - 17:36

Тешко повреден малолетен пешак по удар од автомобил во Скопје

Вчера во 13.15 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Благоја Стефковски“, патничко возило „киа“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(38) од с.Табановце, кумановско, удрило во малолетен пешак од Скопје, информираат од МВР.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.