Македонија
15. April 2023 - 16:44

Тешко повреден мотоциклист од Валандово откако во него удрило возило

На 14.04.2023 околу 20.00 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Валандово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од К.С.(40) од Валандово и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван Д.Б.(31) од Валандово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Здравствен дом Валандово.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Валандово.