Македонија
14. March 2022 - 11:59

Тешко повреден пешак во Битола

Во текот на вчерашниот ден во Битола се случила сообраќајна несреќа во која со тешки телесни повреди се здобил пешак.

На 13.03.2022 во 13.19 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Добривое Радосављевиќ“ и ул.„Рузвелтова“ во Битола патничко возило „форд галакси“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(48) од Битола удрило во М.К.(78) од Битола. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.