-->
-->
Тешко повреден пешак во сообраќајка во Ресен
-->
Педесет и петдишен ресенчанец синоќа тешко е повреден во сообраќајна несреќа што се случила во Ресен.
Како што соопшти полицијата, сообраќајката се случила околу 21 часот на ул.„Михајло Бочкаровски“ во Ресен, во која Н.Ч.(22) од ресенското село Евла, управувајќи патничко возило „сеат кордоба“ со ресенски регистарски ознаки, удрил во пешакот Д.Ј.(55) од Ресен.
Во незгодата пешакот Д.Ј. се здобил со тешки телесни повреди (крварење на мозокот) по што е задржан на лекување во ЈЗУ-Ресен. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Ресен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Макрон по средбата со Зеленски: Европа стои зад Украина
-
Карни: Царините на Трамп им штетат на Американците
-
Двајца Македонци загинаа во тешка сообраќајка во Италија | ФОТО
-
Таравари очекува од 40 до 50 пациенти кои се лекуваат надвор од државата да имаат потреба за подолготрајна рехабилитација
-
Маж брутално тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“ во Радовиш | ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
-
Една сезона може да биде и 1 милион евра | Игор Стефановски - Иџе | Sitel Podcast 086
-
Пациент кој по пожарот во Кочани се лекуваше во Грција се врати во државава, вечерва се очекуваат уште четворица пациенти од Шпанија
-
Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри