Македонија
4. November 2018 - 10:44

Тешко повреден тинејџер во Пробиштип, со мопед излетал од улица

Вчера во 06.10 часот на улица „Тодор Александров“ во Пробиштип, М.П.(18) од село Калниште, пробиштипско, управувајќи мопед „RHNON-50“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот.

Притоа, М.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничка болница Штип.

Извршен е увид на местото на настанот.