-->
-->
Тешко повреден велосипедист откако бил удрен од автомобил
-->
На 11.08.2020 во 08.25 часот било пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.„Мајка Тереза“ и улиците „Тодор Александров“, „Белградска и „Ацо Караманов“, патничко возило „пежо 207“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(46) од Скопје удрило во велосипед, управуван од Х.М.(44) од Скопје. Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија