Македонија
14. February 2024 - 12:07

Тешко повредена 71-годишна жена во сообраќајка во Скопје

На 13.02.2024 во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистраски ознаки, управувано од М.Р.(71) од Скопје и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Е.(24) од с.Арачиново, скопско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Р., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, соопшти МВР.