Македонија
9. January 2023 - 11:52

Тешко повредени четири лица меѓу кои и малолетник во сообраќајна несреќа

На 08.01.2023 во 14.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат с.Челопек-с.Стримница, пред влез за с.Стримница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.С.(55) од с.Челопек и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од Н.И.(58) од с.Стримница, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ѓ.И.(61) од с.Стримница, сопатничка од возилото кое го управувал Н.И., а со телесни повреди се здобиле возачот Н.И. и малолетен сопатник од возилото кое го управувал И.С., констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.