Тешко повредени двајца пешаци вчера во Скопје

Двајца пешаци се тешко повредени, а уште 12 лица се здобиле со полесни повреди во девет сообраќајки евидентирани на подарчејто на СВР Скопје во изминатите 24 часа. Регистрирани се и четири соообраќајки со материјална штета.
За пречекорување на дозволената брзина на движење се санкционирани 14 возачи, 17 се исклучени од сообраќај, од кои еден за возење под дејство на алкохол, 12 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и четворица возачи почетници.
Исклучени се од сообраќај 13 возила, едно технички неисправно и 12 нерегистрирани, издадени се 86 мерки за непрописно паркирани возила, а „пајакот“ кренал 59 возила.
Сообраќајната полиција евидентирала и 12 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и еден на црвено светло, двајца возачи кои не дале превнство на минување, и еден за неправилно престигнување.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош, со ученици од второ одделение, во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
