Тешко повредени двајца работници во Свети Николе и во Скопје
Жител на Свети Николе вчера се здобил со тешка телесна повреда додека извршувал работни задачи во фабрика, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 01:45 часот во фабрика во Свети Николе, додека извршувал работни задачи, П.К.(29) се здобил со тешка телесна повреда. За случајот се запознаени Трудов инспектор и Јавен обвинител, посочуваат од МВР.
Во дневниот Билтен на МВР се наведува и дека вчера во 17:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во клинички центар „Аџибадем Систина“ со тешки телесни повреди бил донесен В.П.(50) од Велес.
Од МВР потенцираат дека, според пријавеното, околу 16:00 часот тој се повредил додека извршувал работни задачи на објект во градба во трговски центар на подрачјето на Гази Баба. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-

Цените на нафтата во пораст поради заканите на Трамп кон Иран
-

Јавна расправа во Собранието за предложениот закон за Советот на јавните обвинители
-

Почнува Страдалната – Страсната – Велика седмица
-

Свечена академија за 75 години постоење на Државниот архив
-

Трамп го одложи ултиматумот до Иран до утревечер во 20 часот
-

Иран не ја отвора Ормуската Теснина без надомест за бродарина
-

Сончево и топло до 25 степени
-

Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор
