Македонија
24. March 2017 - 14:06

Тешко повредени двајца рудари од Пробиштип

Вчера околу 11.45 часот во Итна медицинска помош Пробиштип за укажување на лекарска помош биле донесени Д.З. (34) и Г.А. (45), двајцата од Пробиштип.

Истите се здобиле со повреди при работа во рудникот „Булмак“ во с.Добрево, пробиштипско. 

Двајцата биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде им биле констатирани тешки телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување.