-->
-->
Тешко повредени две лица по судир на мотор и автомобил
-->
На 25.04.2021 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Перо Наков“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Д.(32) од Скопје и патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(32) од Куманово.
Во незгодата мотоциклистот и сопатникот В.С.(31) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Со телесни повреди се здобиле Д.П. и сопатничката од истото возило Н.П.(33) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

37 годишна скопјанка пронајдена почината во својот дом во Аеродром
-

Завршните зборови за случајот „ДКСК“ одложени за утре
-

Почнува судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане
-

Современото банкарство се одликува со едноставно и приспособено корисничко искуство
-

Николоски: Почнуваме со најкрупната реформа - имплементација на новиот Национален едношалтерски систем
-

Пад на инфлацијата во јуни
-

Утре и задуре променливо и нестабилно со пороен дожд, од петок стабилно време
-

23-годишна девојка од Македонија пронајдена почината во стан во Солун
