Тетовец доби кривична пријава, се заканувал на Фејсбук на луѓето од пајак службата

Четириест и пет годишен тетовец добил кривична пријава од тетовската полиција затоа што во август годинава на социјалната мрежа Фејсбук се заканувал на службени лица кои презеле дејствија за неговото погрешно паркирано возило. Пораките со закани ги упатувал кон двајца вработени во ЈП „Градски паркинг Тетово“ и еден полицаец кои со специјалното возило „пајак“ му го подигнале неговото возило.
- СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.Б.(45) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста по пат на информатички систем“. На 26.08.2019 во 10.00 часот во Полициска станица Тетово три лица пријавиле дека од профил на Т.Б. на социјалната мрежа „Фејсбук“ биле објавени пораки со заканувачка содржина, поради преземени службени дејствија за погрешно паркирано возило, сопственост на Т.Б, информира СВР Тетово.
Инаку, Секторот за внатрешни работи Тетово околу паркирањето во градот информира дека вчера 7 октомври полициските службеници откриле и законски санкционирале 27 возачи за погрешно паркирани возила.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
-

Уставниот суд на Бугарија ја потврди оставката на претседателот Румен Радев
-

Шест лица од Тетово добиле кривична откако учествувале во тепачка
-

Стојаноска: Ахмети само за да влезе во Владата прифати помалку министерства од ВЛЕН, и да нема албанец претседател на Собрание
-

Фатон Сељами од Тетово избран за Народен правобранител
