Тетовец тешко повреден при пад од покрив на куќа

Осумдесет и седум годишниот Ќ.С. од Тетово се здобил со тешки телесни повреди откако вчера околу 7 часот и 30 минути паднал од покрив од висина од околу два и пол метри, информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според него, старецот менувал ќерамиди на покривот од неговата стара куќа на улицата „Мурат Бафтијари“ во градот кога при засега неутврдени околности загубил рамнотежа и паднал на земја.
- Тоа го забележал неговиот сосед, кој повикал екипа на прва помош, кои многу скоро пристигнале и го пренеле тешко повредениот тетовец во клиничката болница во градот од каде по укажаната лекарска помош како итен случај бил префрлен на скопските клиники, изјави Јосифоски.
По овластување на јавен обвинител увид на местото увид извршила екипа на СВР Тетово и работи на утврдување на причините, околностите и се друго поврзано со случајот.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
