Тетовскиот алпинист Мурсели учествуваше во извлекување десетгодишно девојче седум дена по земјотресот

Тетовскиот алпинист Надир Мурсели денеска од турскиот град Кахраманмараш ни испрати информација и фотографија за неверојатното спасување на преживеано десетгодишно девојче кое дури седум дена било под урнатитите. Тој сам замина во Турција каде се приклучи на спасувачи од Босна и Херцеговина. Оваа екипа заедно со турскиот тим АФАД успеале да го извадат преживеаното девојче.
-Околу 13 часот само што го извадивме девојчето Ирмак, голема радост имавме тука. Откога се слушна глас, три-четири часа работевме за да ја извадиме од урнатините. Големо чудо е како преживеала.Таа беше седум дена под урнатините, а зградата приближно е седум-осум ката, информира 45-годишниот Мурсели од Тетово.

Тој од 9 февруари е во подрачјата погодени од земјотресот во Турција, поточно во Кахраманмараш, на југоистокот од земјата.
Мурсели сам тргна од Тетово со автобус до Истанбул каде негова внука и зет се ангажирале да продолжи кон градовите погодени од земјотресот. До Адана заминал со авион и потоа со други тимови на спасувачи со автобус од Адана четири часа патувале до Кахраманмараш.
Тетовскиот алпинист течно зборува турски јазик, па на екипата од Босна и Херцеговина, освен во пребарувањето урнатини, им помогнал и со преведување.
Ново на Сител
-

Николоски: Македонија самостојно го решава проблемот со транспортерите преку билатерални договори
-

Со пиштол сопреле автомобил и ограбиле татко и син кај Сарај
-

Вработени во МВР останаа без здравствено, ФЗО вели дека не им се платени придонесите
-

28-годишен тетовец ги пријавил баба му и дедо му дека му украле 3,5 милиони денари
-

Хорор во Шутка: Улично куче искасало 18-месечно дете, родителите бараат итна реакција
-

МВР: Приведени три лица, расчистено пукањето од 8 август во тетовскиот регион
-

„Вашингтон пост“: Трамп тајно ја напуштил Турција со трет авион поради иранска закана
-

Поранешниот сириски претседател Башар ал Асад во отсуство осуден на смртна казна
