Тевдовски: 420 милиони долари од Светска банка за инфраструктурни проекти и вложување во човечки капитал
Бордот на директори на Светска банка набргу ќе ја усвои Рамката за партнерство 2019-2023 со која на Република Северна Македонија и се ставаат на располагање 420 милиони долари. Тие се наменети за проекти во областа на инфраструктурата, пододобрување на климата за стопанисување и инвестирање во човечкиот капитал.
Ова го истакна министерот за финансии Драган Тевдовски по средбата со директорката на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер, во рамки на Пролетните средби на ММФ и Светска банка.
– Ние очекуваме дека следниот месец, Светска банка на својот Борд ќе ја одобри стратегијата за соработка со нашата земја, со Северна Македонија за следниот период, каде што ќе бидат обезбедени 420 милиони долари со што ќе се финансира изградба на локални патишта, но и на различни начини ќе се вложува во подобрување на човечкиот капитал во нашата земја. Со тоа ќе се обезбеди подобрување на животниот стандард на граѓаните на Северна Македонија, рече Тевдовски.
Во рамки на овие проекти спаѓа Проектот за олеснување на трговија и транспорт за Западен Балкан во вредност од 26 милиони. Исто така, проектот за изградба и рехабилитација на локални патишта во вредност од 70 милиони евра. Стратегијата го опфаќа и проектот за реформи во земјоделството за развизвање на дистрибутивни откупни центри, како и проекти за поддршка на реформи за развој на образованието и здравството и проектот за пензиска реформа.
Во рамки на Пролетните средби, делегацијата предводена од министерот за финансии Драган Тевдовски и гуверенрката на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска ќе оствари повеќе средби со високи претставници на Светска банка, ММФ, ЕИБ и други финансиски институции.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево