-->
-->
Тевдовски: Денарот е стабилен, економијата остварува подобри стапки на раст
-->
Денарот е стабилен, економијата закрепнува и веќе почнува да остварува подобри стапки на раст, оценуваат министерот за финансии Драган Тевдовски и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за „Гласот на Америка“ по Пролетните средби на ММФ и групацијата на Светската банка во Вашингтон.-ММФ и светска банка ги намалија прогнозите за растот на светската економија поради незивесноста што постои, но најважно е што во услови кога кај најголемиот дел од земјите во светот ги намалуваат проекциите за растот, за нашата земја ја зголемија проекцијата од 2,8 на три проценти. Тоа покажува дека земјата се движи во добра насока, дека економијата закрепнува и дека веќе почнува да остварува и подобри стапки на раст, истакна министерот Тевдовски.
Според гувернерката, за оваа година прогнозите на Народната банка се над три проценти раст. Притоа се земени предвид последните движења и проекции.
-Денарот е стабилен. Нашите платнобилансни проекции предвидуваат натамошна акумулација на девизните резерви и нивно задржување на сосема адекватно ниво, конзистентно со монетарната стратегија којашто ја спроведуваме. Ако се погледнат движењата минатата година, имавме значајна акомулација на девизни резерви, а клучен фактор што придонесе за тоа се значајните девизни приливи на пазарите., нагласи Ангеловска-Бежоска во интервјуто пред седиштето на Светска банка и ММФ.
Коментирајќи ги состојбите во светската економија и низата неизвесности, потенцира дека е важно што ММФ предвидува забавување на глобалната економска активност, но дека не се работи за рецесија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток
-

Трамп: САД би можеле да останат во Иран и да ја задржат нафтата, како во Венецуела
-

Мицкоски во посета на Граничниот премин Табановце
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-

Сончево со мала до умерена облачност и ветер
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
